Косовската претседателка отпатува во официјална посета на Словенија

Вјоса Османи
Вјоса Османи / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателката на Косово, Вјоса Османи отпатува денеска во официјална посета на Словенија, на покана од нејзиниот словенечки колега, Борут Пахор, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти кабинетот на Османи, на средбите што, освен со Пахор, ќе ги има и со други високи претставници на словенечката држава, ќе бидат разгледани можностите за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји.

– Оваа посета уште еднаш ќе ги потврди одличните односи со Словенија, додека со хомологот Пахор, во низа заеднички активности, претседателката Османи ќе разговара за можностите за продлабочување на соработката и на меѓудржавните односи, се вели во соопштението.

За време на престојот во Словенија, косовската претседателка ќе им додели државно одликуваање на Вооружените сили на Словенија за, како што се наведува, „придонесот што за мирот и стабилноста го дадоа илјадниците словенечки војници кои во минатите години служеа во рамки на мисијата на НАТО во Република Косово”.

Во агендата на официјалната посета на Османи на Словенија е и средба со косовските печалбари во таа земја, како и нејзино предавање организирано од Центарот за европски перспективи и Бледскиот стратешки форум.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот