Кошаркарите не играа 24 секунди во чест на Брајант (ВИДЕО)

Спортската јавност сè уште е во шок по трагедијата и смртта на Коби Брајант, а неговите активни колеги одлучија да му оддадат почит и на терените ширум салите во САД.

Бидејќи НБА лигата не донесе одлука да се одложат вечерашните натпревари, дел од екипите најдоа начин како да му укажат чест на еден од најдобрите кошаркари во историјата.

На мечот меѓу Сан Антонио и Торонто во првите 24 секунди двата тима стоеја во чест на Коби Брајант кој покрај „осумката“ го носеше и дресот со број 24.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот