Кошарка во Токио: Италијанците преку Нигерија во четвртфиналето

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Кошаркарската репрезентација на Италија ја совлада Нигерија со 80:71 во групата Б и на тој начин си обезбеди пласман во четвртфиналето на кошаркарскиот турнир во Токио.
„Азурите“ одлично го отворија натпреварот, имаа предност од 12 поени по првата четвртина (29:11), но Нигеријците кои на подготовките успеаја да ги изненадат и НБА ѕвездите се вратија во втората четвртина која ја решија во своја корист со 11:22.

Итлаијанците не ја повторија грешката и во второто полувреме, последната четвртина ја добија со убедливи 24:8 и ја остварија втората победа во Токио. Николо Мели со 15 поени беше прво име во Италија, додека кај Нигерија најдобар беше Чимезие Мету со 22 поени.

Франција без никакви проблеми го совлада Иран со 79:62 и настапите во групната фаза ги заврши со максимални три победи. Томас Ертел со 16 поени беше најпрецизе нкај Франција, додека Хамед Хадади даде 18 поени за Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот