Коронавирусот ги стигна и фудбалерите во Италија

Фудбалер од италијанската Серија Ц е заразен со коронавирусот, пренесува „Ла Национе”.
Станува збор за 22-годишниот играч на Пианезе, клуб кој се наоѓа во Северна Италија, во провинцијата Сиена.

Фудбалерот го пропушти натпреварот минатата недела, поради температура и општата слабост. После тоа, тој одлучи да биде во изолација. Тестот за коронавирус покажа позитивен резултат, играчот беше примен во болница и се наоѓа во добра состојба.

За потсетување, Италија е четврта држава во светот по бројот на заразени со коронавирусот. До денес 453 лица се разболеле, а 12 лица починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот