Коронавирус и дијабетес, може да предизвика посериозни компликации

epa-efe
Фото: EPA-EFE/SAN RAFFAELE HOSPITAL

Бидејќи дијабетесот е хронично заболување, разбирливи се прашањата и загриженоста во врска со инфекцијата со ковид-19.

Коронавирусот (ковид-19) предизвикува инфекција на респираторниот тракт, а клиничката слика може да се движи од благи респираторни симптоми (на пример, течење на носот) до сериозни симптоми, вклучувајќи кашлица, температура и отежнато дишење. Симптомите може да траат и до 14 дена по изложеноста на ковид-19.

Бидејќи дијабетесот е хронично заболување, разбирливи се прашањата и загриженоста во врска со инфекцијата со ковид-19. Досега објавената литература сугерира дека луѓето со дијабетес, особено над 65-годишна возраст и оние со лоша регулација на гликемијата, се изложени на зголемен ризик од некои инфекции и често може да имаат полоши исходи. Исто така, знаеме дека секоја акутна болест може да предизвика влошување на регулирањето на дијабетесот.

Коронавирусот може да предизвика посериозни симптоми и компликации кај луѓето што имаат дијабетес, како и кај постарите лица, пациентите со други хронични состојби, како што се карцином, срцева слабост или хронично болест на белите дробови. Меѓутоа, во 80 отсто од случаите инфекцијата со ковид завршила благо, додека на 15-20 отсто од пациентите им била потребна хоспитализација, а огромното мнозинство (околу 98 отсто) од заразените лица преживеале.

Некои инфекции се спречуваат со вакцинација, а бидејќи вакцината за коронавирусот не е достапна, единствено се можни само мерки за превенција на инфекцијата.

Пациентите со дијабетес, важно е секогаш да имаат достапни лекови, инсулин, игли, ланцети, лентички, раствори за рехидратација, шеќер, глукагон и секоја друга опрема потребна за згрижување на дијабетесот.

Правила за болни денови

Ш (шеќер): проверувајте ја гликемијата на секои 2 до 3 часа или почесто и коригирајте ја хипергликемија.

И (инсулин): секогаш продолжувајте да земате инсулин и покрај болеста за да избегнете дијабетична кетоацидоза, веројатно ќе бидат потребни повисоки дози на инсулин од вообичаеното

Ј (јаглехидрати): Обезбедете внес на јаглехидрати и пијте многу течност (од 30 до 100 мл/час). Ако гликемијата е висока, пијте течност без јаглехидрати, а ако гликемијата е ниска пијте течност со јаглехидрати.

К (кетони): Проверете ги кетоните во крвта или урината на секои 4 часа. Внесете инсулин со брзо дејство ако се присутни кетоните. Пијте многу вода за да ги кетоните да се излачат од организмот.

Луѓето на инсулинска пумпа мора да мислат на потрошниот материјал што вклучува и батерии! Покрај тоа, многу е важно да имате инсулин со долго дејство во залиха, во случај на откажување или расипување на инсулинската пумпа. Не е лесно да го набавите преку рецепт ако сте на пумпа, но обидете се да му ја објасните ситуацијата на вашиот лекар или замолете пријател додека сѐ уште не е криза.

Во случај на карантин

Во случај на карантин, неопходно е да се обезбеди доволна количина лекови и храна и да имате близок контакт со некој кој може да помогне во снабдувањето. Идеално е секој пациент да се потсетува на „правилата за болните денови“ (engl. Sick-day rules), а доколку постојат несигурности да го контактираат со својот лекар. Пациентите со дијабетес мора да се грижат за себе, знаејќи дека промените во животниот стил, стресот и болестите можат да влијаат на нивото на гликоза на сите можни начини. Важно е да се има на ум нивото на гликоза, да се следи и прилагоди терапијата според потребата за да се одржи гликемијата во нормалниот опсег. Идеално е однапред да се направи план за вонредни состојби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот