Корона хаос во Селтик, играчите среде сезона заминаа во Дубаи, сега пола тим е во карантин

epa08876315 Celtic players congratulate their teammate Kristoffer Ajer who gave the assist for their third goal during the UEFA Europa League group H soccer match between Celtic Glasgow vs OSC Lille in Glasgow, Britain, 10 December 2020. EPA-EFE/Andy Buchanan / POOL

Дури 13. фудбалери на шкотскиот тим се наоѓаат во карантин.

Доминацијата на Селтик во шкотскиот фудбал сезонава е на добар пат да биде прекината од страна на најголемиот ривал Ренџерс, а сега имаат дополнителни проблеми.

Селтик е во невиден хаос бидејќи 13 фудбалери се наоѓаат во карантин поради коронавирусот, а вечерва ги очекува натпревар од шкотската Премиер лига.

Главни виновници за корона хаосот се самите фудбалери кои среде сезона во шкотскиот шампионат одлучија да одат на краток тренинг камп во Дубаи.

Целата британска јавност го осуди потегот на Селтик кој во време на пандемија на коронавирусот замина во Дубаи само за да тренира на топло време.

Да биде полоша ситуацијата за шкотскиот шампион, на фотографиите кои беа објавени на социјалните мрежи можеше да се примети дека фудбалерите не ги почитуваа здравствените протоколи ниту носеа маски за време на патувањето и за тоа беа критикувани од шкотската премиерка Никол Старџон.


Кармата ги стигна денеска, еден од фудбалерите на Селтик е позитивен на коронавирус и сега во карантин ќе мора да бидат уште 12 фудбалери заедно со тренерот Нил Ленон и неговиот помошник Џон Кенеди.

Шкотската Премиер лига одби да го одложи вечерашниот натпревар на Селтик против Хибернијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот