Конте бесен на челниците на Интер

Фото: inter.it

Тренерот на Интер, Антонио Конте, за време на азиската турнеја имал бурен состанок со газдите на клубот и со директорот Бепе Марота. Конте е гневен на челниците на екипата, а според извори од клубот, тој отворено им признал дека е разочаран од случувањата во екипата. Според изворот нема да биде изненадување доколку Антонио Конте многу брзо си поднесе оставка бидејќи им замерува на челниците за пет работи преку кои тешко дека ќе премине доколку наскоро не се решат некои работи.

Првата работа за која Конте е бесен се обидите на Марота но и на кинеските сопственици да го замолчат, јавно да не искажува загриженост поради состојбата со засилувањата, односно неможноста да му ги донесат посакуваните засилувања во нападот.

Втората работа која го разбесни Конте е пристапот на челниците во преговорите, односно  тие не смееле да му веруваат дека засилувањата се пред потпис, а сè уште не е ангажиран никој од листата на желби на тренерот. Конте исто така е разочаран од ветувањата дека веднаш ќе ги продадат проблематичните Маури Икарди, Раџа Наинголан и Жоао Марио кои сè уште се дел од Интер.

Третата работа која тој им ја напоменал на состанокот е тоа што одлуката за бркање на Икарди и Наинголан не е негова, а челниците се обидуваат во јавноста тоа да го престават како негово барање.

Веќе се започнати подготовките, па Конте на состанокот на висок тон го прашал директорот Марота кога ќе ги купи Един Џеко и Ромелу Лукаку, бидејќи сега нема ниту еден напаѓач во екипата.

Последната работа која на спомнал тренерот на состанокот е дека доколку не пристигнат посакуваните засилувања тој нема да молчи и нема да дозволи вината да падне на него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот