Конечно минутажа за Митов Нилсон во Шведска

gifsundsvall.se

Додека Давид Митов-Нилсон ги бранеше боите на Норчепинг, но таму во изминатите неколку сезони само ја „грееше“ клупата, плус и повредите беа додатен проблем.

Повторно им се врати целосно на тренинзите, но во Норчепинг тешко дека и годинава ќе добие минутажа.

Поради таа причина одлучи да се пресели во редовите на Сундсвал кој настапува во најсилната шведска фудбалска лига.

Сундсвал моментно после 18 одиграни натпревари е дури на претпоследната 15 позиција со 11 бодови и очигледно целта ќе биде да се обезбеди опстанок. До крајот на шампионатат тимот има да одигра уште 12 мечеви.

Воедно е најавено дека на 10 август ќе го има дебито против Остерсунд. Доколку ја стекне потребната форма, би можел повторно да добие репрезентативен повик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот