Компромис за мир во куќа, кошаркарскиот плејоф без ограничувања

фото: МКФ

Здружението на кошаркари и прволигашите успеаја да најдат компромис со кој и двете страни се задоволни, со што се избегна најавеното барање на претставниците на екипите да се укине задолжителната минутажа за македонските кошаркари во натпреварите од Суперлигата.

И двете страни се договорија во регуларниот дел да остане старото правило, задолжително на теренот да има тројца македонски кошаркари, додека во Суперлигата и плејофот, тоа правило нема да важи и тренерите ќе можат на теренот да играат со максималниот број на дозволени стански кошаркари, четири.

За предлогот да се официјализира неопходно ќе биде зелено светло да даде и Здружението на професионални кошаркари, а потоа ќе треба да биде потврден преку Собранието на КФСМ по дописен пат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот