Комплетно миење и дезинфекција на контејнерите во Скопје

Екипите на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје извршиле комплетно миење и дезинфекција на сите постоечки садови за исфрлање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје.

Миењето и дезинфекцијата, како што информираа од ЈП, се вршело веднаш по празнењето на контејнерите, со употреба на специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа вода и течност за дезинфекција.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје спровеле и комплетно миење на микролокациите каде што се поставени контејнерите, со помош на автоцистерни.

Активностите, како што информираат од ЈП, ќе продолжат да се одвиваат континуирано со цел да се подобри хигиената на надземните и подземните контејнери, како и на самите јавни површини и воедно да се изврши превенција од можното ширење на заразни заболувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот