„Комјунити шилд“ трофејот во рацете на Арсенал! (ВИДЕО)

фото: твитер

Четири недели после освојувањето на ФА купот, Арсенал се врати на „Вембли“ и дојде до уште една титула.

Овојпат во „Комјунити шилд“ играчите на менаџерот Микел Артета после пеналите го совладаа актуелниот шампион во Премиер лигата, Ливерпул.

Во регуларниот дел од натпреварот Арсенал дојде во водство преку Обамејанг во 12 минута со еден прекрасен гол, а Редси во 73 минута искористија една мешаница во казнетиот простор на лондонскиот клуб во која најдобро се снајде Минамино за израмнување.

Немаше продолженија, па победникот го дознавме во пенал серијата во која славеше Арсенал со 5:4, а трагичар на спротивната страна беше Брустер.

Четврти пат по ред доаѓа до трофејот (2014, 2015 и 2017 година), негов вкупно 16 во клупската историја, а Ливерпул остана на 15. На вечната листа „топчиите“ се само зад екипата на Манчестер јунајтед кој има 21 трофеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот