„Комити“ реагираат: Овие момци заслужија титула

Екипата на Вардар денеска остана без можност да се радува на 12. шампионска титула бидејќи Управниот одбор на ФФМ, одлучи да го прекине првенството без да прогласи шампион и да нема испаѓање од лигата.

Образложението на ФФМ е дека не се одиграле доволен број на натпревари за да може Вардар да биде крунисан во шампион, како и самата одлука, не им се допадна на верните навивачи на вардарци, „Комитите“ кои со соопштение преку официјалната страница на Фејсбук се огласија и порачааа дека овие фудбалери заслужуваат да бидат шампиони.

Соопштението на „Комитите“ ви го пренесуваме во целост:

Вонредни вести !
Штотуку добивме информации дека Фудбалското првенство е прекинато поради вирусот Ковид19.
Се шпекулира дека иако Вардарци заслужено на терен создадоа недостижна предност од 10 поени, сепак првенството ќе било поништено. Веднаш контактирани се сите институции надлежни за ова прашање и кажано ни е дека сеуште нема одлука што понатаму и шпекулациите за сега се неточни.
Будно следиме што се случува и во зависност од одлуката ќе донесеме став дали од вонредна влегуваме во воена состојба !
Се надеваме на праведни одлуки кои ќе соодвестствуваат со ситуацијата на првенствената табела а тие се:
1) Продолжување на првенството откако ќе се смири ситуацијата со вирусот (асимтоматскиот) со којшто ќе треба да живееме во “новата нормалност”
2) Прекин на првенството и прогласување на Вардар за Шампион, и заверување на 11-та титула во Македонија и вкупно 12-та Шампионска титула вклучувајќи ја онаа во СФРЈ.
Секоја одлука која е спротивна на овие ќе значи девалвирање на трудот на младите момчиња кои на спортски, чесен и коректен начин ја стекнаа предноста на зелениот терен, но уште повеќе тенденциозност и директен напад на Вардар, Црвено Црната армија и навивачката група Комити Запад.
Овие момци заслужија титула !!!

Вонредни вести !Штотуку добивме информации дека Фудбалското првенство е прекинато поради вирусот Ковид19.Се шпекулира…

Publiée par Komiti Skopje sur Jeudi 4 juin 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот