Колинда доби упатства за говорот: Блага насмевка

Фото: Индекс.хр

Хрватска претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, вчера и официјално ја најави својата кандидатура за втор претседателски мандат.

Порталот Индекс.хр го објави целиот говор на хрватската претседателка, со сите упатства кои ги содржи.

Така на пример, со ѕвездички биле назначени местата кога било потребно таа да направи пауза, како и каде да ги нагласи зборовите и каде благо да се насмее.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ ја објави кандидатурата за втор мандат, а нејзиниот слоган е „Затоа што верувам во Хрватска“.

Инаку, покрај Грабар Китаровиќ, други кандидати за претседател во Хрватска се и пејачот Мирослав Шкоро, Зоран Милановиќ и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот