Кокошков и официјално нов селектор на Србија

Освојувачот на Европското првенство со Словенија моменто е помошник на Лук Волтон во Сакраменто кингс, а Кошаркарската федерација на Србија доби дозвола од НБА тимот за Кокошков да биде нов селектор.

Кокошков доаѓа на место на Александар Ѓорѓевиќ кој си поднесе оставка по Светското првенство во Кина и дебито на клупата ќе го има на квалификацискиот турнир за Олимписките игри кој ќе се одржи во Белград.

Игор Кокошков тренерската кариера ја почнал уште во 1992 година во ОКК Београд, за по една сезона во младинскиот тим на Партизан се пресели во САД. Минатата година беше тренер на Феникс санс, а претходно работеше како помошник во ЛА Клиперс, Феникс, Кливленд, Орландо и Јута.

Тој веќе има искуство со работата во националнио тим на Србија, во периодот од 2004-2005 му беше помошник на Жељко Обрадовиќ во репрезентацијата на тогашната Србија и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот