Која е Мина Харис, внука на потпретседателката на САД, Камала Харис: Амбициозната девојка, која ја стави во „криза“ Белата куќа

Бранот протести на илјадници земјоделци, со кој се соочува Индија со недели, покрај трагедијата од ковид-19, најде поддршка од уште една исклучителна активистка – Мина Харис, внука на потпретседателката на САД, Камала Харис.

Фото Инстаграм

Младата внука на потпретседателката на САД, Камала Харис, се приклучи на познатите, кои јавно искажуваат дека не се согласуваат со одлуките на индиската влада на Нарендра Моди. Пејачката Ријана беше прва што го започна протестот на социјалните мржи, а по неа и шведската активистка Грета Тунберг. Сепак, приклучувањето на Мина предизвика потенцијален дипломатски инцидент меѓу САД и Индија.

Мина Харис уште од мала возраст почнала да се бори против неправдите, а изгледа дека не сака да престане. Гласот на оваа активистка се слуша дури и тогаш кога критиките ги упатува кон моќните, за кои вели „нема да ме уплашат, нема да молчам. Научив од мајка ми и тетка ми дека задоволство е да се борам за граѓанските права“, напиша таа на Инстаграм, откако нејзината фотографија беше запалена во Индија за време на демонстрациите организирани во полза на владата на Моди.

Минакши Ешли Харис има 36 години и дипломирала право на „Харвард“. Таа е адвокатка и активистка за граѓански права, основач на компанијата „Акциска кампања – феноменална жена“, која произведува облека со пораки за зајакнување на жените, воедно давајќи им поддршка на жените, кои со своите приходи финансираат феминистички и антирасистички здруженија.

Последната битка што ја води Мина Харис е битката за олеснување на тешката состојба на земјоделците во Индија, кои со месеци протестираат против реформата што ја бара Владата со која се либерализира земјоделскиот пазар, фаворизирајќи ги мултинационалните компании во секторот и ризикувајќи уште повеќе да се прошири веќе длабоката социјална поделба меѓу сиромашните и богатите. Индиската влада веќе покажа огорченост кон Ријана, откако пејачката ги објави фактите на Твитер. Сега, сепак, работата отиде многу подалеку и судирот уште повеќе се загреа со контрапротестите на активистите про-Моди кои запалија американски знамиња и фотографии од внуката на Камала Харис и  од Грета Тунберг.

За жените Харис, кои се горди што се црни, но и на своите индиски корени, социјалната промена и женското зајакнување е семејна работа. Овој активизам започнал со покојната Шјамала Гопалан Харис, истакната активистка за подигнување на свесноста од рак на дојка и истражувач, самохрана мајка на две ќерки, Камала и Маја. Потоа, тука е потпретседателката Камала Харис, која, меѓу многу други први нешта што ги направила, таа е сега првата жена потпретседател во САД; и тука е нејзината помлада сестра, Маја Харис, исто така активистка и адвокатка за граѓански права. Затоа, не треба да изненадува што ќерката на Маја, Мина Харис, го продолжува семејното наследство – со список на достигнувања кои се подеднакво импресивни.

За жените Харис, кои се горди што се црни, но и на своите индиски корени, социјалната промена и женското зајакнување е семејна работа. Фото Инстаграм.

Исто како нејзината тетка, која успеа да напише три книги во своето слободно време, и Мина пишува. „Откако станав мајка и почнав да барам литература за деца за нашите девојчиња, и почувствував дека е одлично што во последните три до пет години се случи овој бум на литература за историски жени“, вели Мина и додава дека според студијата на училишните библиотеки само 10 отсто од ликовите прикажани во детските книги биле црни, 7 отсто биле Азијци, а само 5 отсто биле Латиноамериканци. Во јануари годинава, Мина Харис ја објави својата втора книга за деца насловена „Амбициозна девојка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот