Кој помина подобро? Супермодели кои (не)сакаа да го запрат времето со корекции на лицето (ФОТО+ВИДЕО)

EPA/Profimedia/Instagram

Од сериозни операции до ситни корекции – славните дами прифаќаат различни решенија сакајќи да го запрат времето на нивните лица

Во тој момент често не водат сметка за долгорочното влијание на тие потези. Лицето помни и ако во еден момент се претера со корекциите, невозможно е да се скријат нивните траги.

Колку е важно да се биде умерен во корекциите покажуваат и примерите на легендарните супермодели. Кога ќе се погледнат нивните фотографии од врвот на кариерата и ќе се споредат со денешните, јасно е дека најдобро поминале дамите кои најмалку го коригирале своето лице.

На 54-годишната Татјана Патиц воопшто не и пречат брчките.

EPA/Instagram

 

Исто размислува и 51-годишната Кристи Тарлингтон.

EPA/Profimedia/Instagram

Искрено, не гледам ништо негативно во стареењето. Колку што сум постара, се чувствувам подобро во својата кожа. Не сакам да изгледам помлада“, рече Кристи во едно интервју.

Од друга страна, некои нивни колешки не можеле да одолеат на „магијата“ на корекциите.

Немам ништо против стареењето, но сакам да изгледам добро на тој пат. Ако постои некоја молекула или две кои можат да помогнат, а постојат, тогаш ќе ги искористам. Јас сум за ботокс, за филери, за ласер, за сè“, призна Линда Еванџелиста.

Меѓутоа, многумина сметаат дека сето наведено имало негативен ефект на нејзиното лице.

Џанис Дикинсон, супермодел од крајот на 70-те и почетокот на 80-годиони, денес е скоро непрепознатлива поради промените во нејзиниот изглед.

EPA

Погледнете и уште неколку легендарни супермодели и сами проценете дали нивните корекции на лицата се исплателе или би било подобро да ги заобиколеле.

Наоми Кемпбел/EPA, Profimedia
Надја Оерман/Profimedia
Шелом Харлоу/Profimedia
Хелена Кристенсен/profimedia
Клаудија Шифер
Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот