Кој нема да гласа за Специјалниот закон на Рама ќе биде избркан од партијта

Премиерот на Албанија, Еди Рама, побара безрезервна помош од социјалистичките пратеници за Специјалниот закон кој што беше промовиран денеска.

Тој исто така ги предупреди пратениците дека кој нема да гласа за него, ќе биде избркан од парламентарната група.

– Јас барам безрезервна подршка од целата пратеничка група за Специјалниот закон и пакетот против АФШС. Кој нема да гласа ќе биде избркан од парламентарната група на Социјалистичката партија – изјави Рама.

Рама истакна дека парламентарното мнозинство ќе промени уште неколку закони со цел борбата против корупцијата.

– Агенцијата за запленет имот ќе биде под надлежност на Министерството за натрешни работи. Ќе основаме специјална единица за борба против корупција, која што ќе биде насочена кон откривање на корупција во владеачкиот систем – истакна Рама.

Албанскиот премиер додаде дека со имплементирање на овој закон, групата на обвинители и судии кои се врзани со криминалот ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

– Мислам дека е повеќе од потребно да се интервенира со специјален закон во борба против организираниот криминал – истакна Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот