Кој е архитектот на познатите киосци од времето на Југославија?

Можеби за некого веќе заборавена фигура, но за други вистинска инспирација, а за нивното иконско наследство во земјава, можеби не сте знаеле, придонесе македонски архитект. Зад повеќенаменскиот модуларен киоск од времето на Југославија стои словенечкиот дизајнер Саша Ј. Махтиг.

Но оној кој дополнително го истражуваше концептот на модуларни киосци е македонецот Александар Никуљски. Тој создаде неколку нови модели и стилови во текот на 1970 – тите и 1980 – тите, меѓу нив и моделот КС-190 и К67.

Создадени од производителот на ПВЦ „Треска Полипласт“ во Струга, Македонија, киосците на Никуљски беа испорачани низ Југославија, како и во поголемиот дел од Источна Европа, а многу од нив сè уште се наоѓаат низ пејзажот до ден-денес.

Киоскот K67 беше и инспирација за еден лего креатор, роден во Југославија, кој ја комбинираше неговата страст за LEGO со веќе познатиот модел на киоск. Убавината на LEGO е што со него можете да изградите што сакате.

Некогаш дизајниран од Саша Јанез Махтиг за време на Југославија, ова ремек дело е симбол на заедницата и припадноста.

Киоскот К67 стана симбол на безграничната креативност на југословенската архитектура и индустриското производство, потсетник дека и наједноставните работи можат да предизвикаат неверојатни приказни.

Извор: https://www.facebook.com/SpomenikDatabase

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот