Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за „Водовод“

Фото: Фејсбук

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со изборот на директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, потврдија од Скопското обвинителство за „Макфакс“.

Кривичната пријава на полицијата била отфрлена бидејќи изминало времето кога Трајановски и останатите можеле кривично да одговараат, односно застарело делото за кривичен прогон.

„Одлуката за избор на директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје е донесена и потпишана на 11.02.2015 година, па согласно тоа застареноста на кривичното гонење за Коце Трајановски кој, извршувајќи ја функцијата градоначалник лично ја донел и потпишал одлуката, настапила на 11.02.2018 година. Застареноста за претседателот и двајца членови на комисијата за спроведување на постапката за избор настапила на 22.01.2018 година, кога изминале три години од дејствијата на пријавените кои го исполнуваат битието на делото“, велат од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот