Кочанчанка измамила двајца тетовци дека за пари ќе им обезбеди бугарски пасоши

Бугарски пасоши/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Триесет и осумгодишнен тетовец, вчера во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со жена од Кочани, која ветила дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи. Но, до пријавувањето на лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари.

Истото лице, поради сомнение за иста измама вчера било пријавено и од 36-годишен жител на тетовско Глоѓи, кој за таа цел и платил 25.800 денари.

„Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите“, информираат од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот