КМФ Проект е новиот футсал шампион, за Шкупи ова е скандалозна одлука!

Фото: facebook.com/futsalshkupi

На три кола до крајот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот дојде до прекин на футсал шампионатот во Македонија, а КМФ Проект од Јосифово веќе ја слави шампионската титула во Првата македонска футсал лига..

Футсал клубот на Шкупи не може да поверува на ваквата одлука, според нив сезоната треба до крај да се доигра и дека неправедно КМФ Проект Цико е прогласен за шампион.

– Скандал во домашната футсал лига. Со одлука на Владата, како и Фудбалската федерација на Македонија која не ги презеде плаќањата на ПЦР-тестовите за тимовите учесници во Првата футсал лига, официјално е прекината тековната сезона 2020/2021 година.

Со оваа одлука, моментално првиот тим на табелата, КМФ Проект Цико е неправедно прогласен за шампион, со оглед на тоа што до крајот на сезоната преостанаа уште три кола за одигрување, а згора на тоа во последното коло оваа екипа требаше да игра за титулата со актуелниот шампион Шкупи во Чаир.

Во оваа прилика, ние како клуб реагираме остро на оваа неправда, која на изненадување на сите љубители на спортот дојде со избрзана одлука на Владата, Фудбалската Федерација на Македонија, Министерството за здравство и Комисијата за инфективни болести, кои не дозволија шампионатот да продолжи дури и во услови кога се намалува бројот на заразени од ковид-19.

Понатаму, истата Комисија дозволи ракометни натпревари, кои исто така се играат во затворен простор, но не и натпревари во мал фудбал, сето тоа направено со една цел, да го спречи нашиот тим повторно да биде шампион. Оваа неправда ќе ја испратиме и до УЕФА, бидејќи веруваме дека правдата е на наша страна и дека истата ќе дојде до израз – стои во поголемиот дел од соопштението на Футсал клубот на Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот