Клоп е главниот виновник за заминувањето на Мане од Ливерпул

Јирген Клоп и Садио Мане/фото: EPA-EFE/Shaun Botterill

Поранешниот фудбалер Тревор Синклер смета дека Мане си заминал од Ливерпул поради менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп.

Мане завчера и официјално беше промовиран како нов напаѓач на Баерн Минхен, а Синклер кој во својата кариера има настапувано за Манчестер сити смета дека менаџерот на Ливерпул го понижил одличниот напаѓач со коментарите за Африканскиот куп на нации што се играше на почетокот од годината.

– Прво, не го почитуваа како Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах. Втора работа, последната година од неговиот договор помина онака како што помина, доволно да покаже како се однесува клубот кон него. Трето , главен виновник за заминувањето на Мане е Јирген Клоп кој имаше лоши коментари за Африканскиот куп на нации. Клоп го омаловажи ова натпреварување, по што селекторот на Сенегал мораше да реагира кога рече дека Ливерпул засекогаш ќе беше второпласиран ако не беа африканските играчи во тимот. Садио Мане е принципиелен човек, ќе го видите како гради болници, купува школи. Беше јасно дека ќе си замине, тој е легенда на клубот, но мислам дека по се што се случи Мане не можеше да остане во Ливерпул – изјави Синклер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот