Климатските промени и високиот данок најголеми проблеми за производителите на мед

Пчеларите се борат со пореметените климатски услови за да се создадат мед, а проблем им е и повисокиот данок кој треба да го платат за разлика од другите земјоделци, порачаа производителите од Тетово каде се собраа на доделување на награди за квалитет на мед.

Зафир Зафировски производител од Прилеп вели дека поради времето попусто има е целогодишната работа и може да немаат мед.

– Најголемиот проблем се климатските услови и глобалното затоплување. Се бориме, како знаеме, секоја година не е иста, многу е оскудна со паша, немаме доволно култури од кои се надеваме дека ќе собереме повеќе од самите култури. Се трудиме со селење, но не ни помогаат временски услови, некогаш остануваме само со работа без принос на мед – рече Зафировски.

Прочитајте и...  Над 12 милиони луѓе заразени со Ковид-19 ширум светот

Според Зафировски субвенциите за пчеларите се добри за поддршка, но главниот проблем е повисокиот данок кој го плаќаат за набавка на опрема.

– Би ги пофалил мерките за субвенции и нивното зголемување и програмата за рурален развој. Сепак добро би било кај данокот на додадена вредност за набавка на опрема да се намали износот од 18 проценти на пет проценти како што е на пример кај оние кои купуваат трактори. Нема да го оштетиме буџетот бидејќи немаме значителни потребни не скапа опремата, како оние пример кои земат трактор. Ние со 5-10 илјади евра ќе имаме инвестиција за нареднте пет до 10 години – вели Зафировски.

Дритон Дикена од Здружението „Градот на пчелите“ истакна дека има простор за уште поголемо производство на мед.

Прочитајте и...  Најголем дневен пораст на бројот на новозаразени во БиХ

– Треба да се здружиме, да ги користиме мерките од Министерството, да има количини, да го пораснеме бројот на пчелите и така ќе може да конкурираме. Македонија има добри услови за пчеларство, да се зголеми број на пчели и со добар кавалитет мед да излезе на надворшените пазари – вели Дикена.

Министерот за земјоделство Трајан Димковски потенцираше дека здружувањето на пчеларите може да придонесе за побогато производство и поширок пласман на надворешните пазари.

– Има извоз но секогаше не е доволно ако може да биде подобро. Секако климатските промени се една негативна работа која влијае најмногу на пчелите. Затоа покрај конкуретноста треба и едукација на самите пчелари бидејќи борбата на презимување на пчелните семејства е една од клучните, а се појавуват и нови болести. Нивната заштита и организиран третман и настап преку здруженија за малите пчелари кое верувам дека ќе прерасне во задругарство еден ден на следно ниво ќе овозможи токму домашниот мед да биде подобро познат за надворешн пазари – рече Димковски.

Прочитајте и...  Мицкоски: Заврши времето на политичари елитисти, ние ќе ги засукаме ракавите и ќе ја обновиме Македонија

Во државата се бројат околу 242 илјади пчелни семејство кои ги одгледуваат над шест илјади пчелари.

Прочитај повеќе

Заев во Конче: На 15 јули гласајте за повеќе пари за земјоделците, за поголема грижа за сите

МИА Агенција

Папата Франциск повреден од одлуката на Турција Аја Софија да стане џамија

МИА Агенција

Јанушев: Доаѓаат најдобрите четири години во историјата на државата

МИА Агенција

Италијански инфектолог тврди дека епидемијата во Италија завршила

МИА Агенција

Ахмети: Првиот премиер Албанец во Македонија ќе се избере тука во Собранието

МИА Агенција

Воведени три нови типови инсулин кои не се од паралелен увоз

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ѓукановиќ: Односите со Белград не се добри

МИА Агенција

Николоска: На 15 јули ти одлучуваш, избери иднина

МИА Агенција

Во Индија рекорден пораст на новозаразени со коронавирусот

МИА Агенција

Отец Партениј хиротонисан за нов епископ на МПЦ-ОА

МИА Агенција

Николовски: На 15 јули одлучуваме за нашата иднина

МИА Агенција

Спасовски од Куманово: Излезете на гласање безбедно е, изберете сигурност

МИА Агенција