Ќерката на Елвис Присли, Лиса Мари, примена во болница со симптоми на срцев удар

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Американска пејачка и текстописец, Лиса Мари Присли, единствената наследничка на легендарниот Елвис Присли, итно била пренесена во болница поради можен срцев удар, дознава „TMZ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Marie Presley (@lisampresley)


Извори блиски до медиумот изјавиле дека болничарите извршиле реанимација во четвртокот во нејзиниот дом во Калабасас пред да ја пренесат во болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Marie Presley (@lisampresley)


Засега не се знае во каква состојба е Лиза во моментов.


Во вторникот, Лиса присуствуваше на доделувањето на наградите „Златен глобус“ со нејзината мајка, каде што го поддржаа актерот Остин Батлер, кој доби награда за толкувањето на ликот на Елвис во истоимениот филм.

Лиса Мари Присли во 2020 година преживеа голема трагедија кога нејзиниот син Бенџамин Кио се самоуби на многу брутален начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот