Ќерката на Драгана Мирковиќ за првпат се огласи по разводот на родителите: Искрена поддршка за мајка си

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Во изминатиов период актуелна е веста за разводот на пејачката Драгана Мирковиќ од Тони Бијелиќ по 24 години брак, а сега се огласи и нејзината ќерка Мануела.

Имено, Мануела не сака да се експонира во јавноста, но сега на својот инстаграм-профил објави заедничка фотографија со нејзината мајка Драгана и додаде емотикон „срце“.

Јасно е дека јавно ја искажува својата искрена поддршка за мајка си, која моментално поминува низ тежок период.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

На фотографијата може да се забележи како мајката и ќерката носат бели модни комбинации и си наликуваат една на друга.

Инаку, неодамна Драгана се огласи на своите социјални мрежи, гневна дека веќе извесен период некоја девојка се претставува под лажен профил со името и фотографијата на нејзината ќерка.

Нови детали за разводот на Драгана Мирковиќ: Три години не живеат заедно, а нејзиниот сопруг веќе има нова девојка во Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот