Кишида ја реконструираше Владата

Фумио Кишида / Фото EPA-EFE/NEIL HALL / POOL POOL

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја реконструираше владата со цел, како што претходно соопшти, да ја дистанцира од контроверзната Унификациска црква, позната и како Мунова секта, поврзана со убиениот поранешен премиер Шинѕо Абе и со високото раководство на владејачката партија.

Кишида вчера изјави дека спроведувањето „строга ревизија” на односот меѓу црквата и кандидатот за функција во кабинетот ќе биде „предуслов” за нивно именување.

Исто така, Кишида им нареди на министрите и другите високи функционери да ги разјаснат своите врски со Муновата секта, за граѓаните да имаат доверба во нивната политичка и административна работа.

Според резултатите од истражувањето објавено претходно оваа недела од јапонскиот јавен сервис NHK, поддршката за владата на Кишида паднала од 59 на 46 отсто. Мнозинството од испитаниците сметаат дека политичарите не се оградиле доволно од контроверзната црква.

Муновата секта е основана во Сеул во 1954 година. Основана е од Сун Мјунг Мун, кој е и самопрогласен месија.

Учењата на сектата се засноваат на толкувањата на Мун на Библијата и на конзервативниот вредносен систем фокусиран на семејството и противењето на комунизмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот