Кино на отворено во Градски парк

Во скопскиот Градски парк, утре и задутре посетителите ќе можат да проследат два македонски филмови на отворено.

Проекцијата на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ е закажана за утре (18.07.2019 година, четврток) во 21 часот. Филмот „Џган“, пак, граѓаните ќе можат да го погледнат во петок (19.07.2019 година) во 21:30 часот. Во паркот се наместени меки фотелји, а посетителите може да си понесат и камперски столчиња, ќебиња, храна и пијалаци.

Убавата приказна на концептот „Градски летен парк“ почна во јуни 2018 година со проекциите на отворено на „Исцелител“ и „Avec l`amour“, а продолжи во септември со прикажувањето на „Ирационален човек“ и на „Големата убавина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот