Кинески хороскоп за среќата: Еве што ве очекува во 2020 година!

профимедиа

Симболот на кинеската Нова година е Стаорецот, а ова ќе биде година полна изненадувања.
Годината според овој хороскоп започнува на 25 јануари, а се верува дека белиот стаорец носи просперитет, но нема буквално цела 2020 година да биде успешна.

Годината ќе биде посебна за сите оние родени во годините кога владеел Стаорецот: 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008. За нив ова е година на големи промени. Ќе има доста потешкотии, но доколку бидете упорни и преземете ризик „Стаорецот“ добродушно ќе ви возврати.

За оние родените во годините на Змејот: 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000 не вреди да ризикуваат. Следната година ќе ви пројде мирно и стабилно. Одвојте време за себе: патувајте или забавувајте се со своето омилено хоби.

профимедиа

За конечно да ја фатите „среќата за репче“ за лицата родени во кинеската година на Змијата: 1929, 1941,1953,1965, 1977, 1989, 2001 неопходно е да се ослободите од лошите животни навики.

Оние кои се родени во годината на Мајмуните може да очекуваат дека ќе создадат семејно гнездо, ќе обезбедат кров над главата, а може да очекуваат и бебе.

2020 година ќе биде полна со задоволства и пријатни моменти за оние родените во кинеската година на Кучето: 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006 година.

За сите оние родени во знакот на владеење на Волот: 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997. Во новата година тие ќе можат слободно да се опуштат. Тие можат да успеат во се, иако не ги очекуваат големи промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот