Кина ќе му подари 500.000 вакцини од Синофарм на Пакистан

Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Кина на Пакистан ќе му подари 500.000 дози од вакцината Синофрам против Ковид-19, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши пред новинарите во Исламабад изјави дека Кина ќе ги обезбеди вакцините до 31 јануари.

Пакистан во декември соопшти дека 1,2 милиони дози вакцини Синофарм ќе пристигнат во земјата.

Куреши изјави дека половина милион дози вакцини ќе пристигнат во Пакистан на почетокот на февруари.

Во Пакистан со коронавирусот досега се заразени вкупно 527.146 лица, а 11.157 луѓе починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот