Кина бара од САД детали за сударот на американската нуклеарна подморница во Јужното кинеско море

Подморница / Фото: Архива

Кина е длабоко загрижена за инцидентот со американската нуклеарна подморница во меѓународните води на индо-пацифичкиот регион, соопшти кинеското министерство за надворешни работи.

Знаме на Кина / Фото: EPA-EFE/Simon Bruty for OIS HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во извештајот се наведува дека подморницата не се судрила со друга подморница и се враќа во пристаништето.

Кина додаде дека Соединетите држави мора да обелоденат поевеќе детали за инцидентот и да споделат се што знаат за причините за овој инцидент.

„САД и другите земји вклучени во активностите во Јужното кинеско море мора да дадат информации и релевантни детали, вклучувајќи ја и точната локација на инцидентот, целта на мисијата, детали за причината за судирот и дали има истекување на радијација, и евентуална еколошка штета“ велат од кинеското МНР.

Американската нуклеарна подморница УСС „Конектикат“ се судри со неидентификуван објект додека пловеше во индо-пацифичкиот регион, објави прес-службата на Пацифичката флота на американската морнарица.

Американска подморница во Јужното Кинеско Море
Американска подморница во Јужното Кинеско Море / Фото: EPA/AMIEL MENESES

Како што пренесе „Фокс њуз“, инцидентот се случил во Јужното Кинеско Море.

Останува мистеријата во што удрила нуклераната подморница и која била мисијата на нејзината пловидба. Она што засега во јавноста се обелоденува дека подморницата имала мали оштетувања, немало човечки жртви меќу екипажот и нуклераниот реактор на подморницата не бил оштетен. Подморницата после инцидентот успеала да се закотви во најблиското воено пристаниште во овој реон.

Подморница 1

Од друга страна, не се исклучува и можноста дека моеби дошло до вооружен судир со подморница на друга национална воена морнарица, но засега никој не ја потврдува оваа информација

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот