Кевин де Брујне од јануари во дресот на ПСЖ?!

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Еден од клучните фудбалери на Манчестер сити, Кевин де Брујне би можел од следната зима да настапува за ПСЖ. Во клубот од „Етихад“ решија да ги прекинат преговорите околу нов договор за белгискиот интернационалец.

Имено, првите луѓе на Сити ќе чекаат да видат во каква состојба ќе биде фудбалерот откако ќе се опорави од повредата, а потоа ќе одлучат дали ќе му понудат продолжување на соработката.

Актуелниот договор на Белгиецот со „Граѓаните“ е со важност до летото 2025 година, а тој го потпиша во 2021 година, две години пред да му истече стариот, па и сега доколку го продолжи би требало да трае до 2027 година.

Конфузијата на Манчестер сити ќе се обиде да ја искористи францускиот шампион ПСЖ и да го доведе репрезентативецот на Белгија на „Паркот на принцовите“.

Познато е дека Килијан Мбапе сака да го напушти клубот на крајот на сезоната, а ПСЖ веќе подготви список со желби за зимскиот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот