Ќе се снима биографски филм за Мајкл Џексон, без спорните обвиненија!

profimedia

Продуцентот на Боемска рапсодија Грахам Кинг ја проучува биографијата на Мајкл Џексон за да направи филм посветен на неговиот живот и музичките достигнувања.

Сценариото на филмот нема да се фокусира на контроверзните делови од животот на Џексон што се прикажани во документарецот „Leaving Neverland“, туку на музичките успеси. По објавувањето на документарецот, светската јавност се подели на оние кои го обвинуваат Џексон и оние кои не веруваат во обвиненијата.

Да потсетиме, на пространиот имот на Мајкл Џексон постоеле бројни тематски простории во кои тој се дружел со децата, на пример розова соба, железничка и војничка соба. Иако тој тврдел дека само сака да се дружи со децата, и пред излегувањето на документарецот со години се ширеа гласини дека на ранчот Неверленд се случуваат „педофилски игри“.

Мајкл Џексон со години беше пријател и со Меколи Калкин, ѕвездата на „Сам дома“. Многумина нагаѓаа дека и Калкин е една од жртвите на Џексон, но глумецот секогаш зборувал дека меѓу нив имало само прекрасно пријателство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот