Ќе има ли принова? Хајди Клум ги заинтригира фановите со објавата на Инстаграм

Instagram

Со последната фотографија на Инстаграм, Хајди Клум успеа да ги заинтригира фановите. Стомакот за кој тврди дека е само резултат на добра вечера, на многумина им изгледа како да е знак дека манекенката чека принова.

Иако не ја исклучува опцијата за нова бременост и раѓање на петто дете, Хајди Клум е прилично таинствена за тоа прашање последниве неколку месеци.

Во медиумите неколкупати се пишуваше дека Хајди е бремена, но славната Германка успешно ги игнорираше таквите натписи.

На последната фотографија позира со сопругот Том Каулиц и неговиот брат Бил.

„Вечерата беше добра“, ја појасни ситуацијата Хајди Клум, а судејќи според коментарите под фотографијата, на нејзините следбеници не им звучела баш уверливо.

View this post on Instagram

Dinner was good ?

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот