Казни за 164 возачи во Скопје

Сообраќаен прекршок / Фото: Министерство за внатрешни работи

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли се изречени вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23, 10 санкции за непрописно престројување и три за нерегистрирани возила.

– Изречени се 16 санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возачи на  мотоцикли, три за некористење сигурносен појас и 52 санкции за непрописно паркирани возила, стои во соопштението од МВР.

Се наведува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот