Казнети полицајците одговорни за смртоносното стампедо на фудбалскиот стадион во Индонезија

Несреќа на стадионот Канџурухан/Маланг, Источна Јава, Индонезија/1 октомври 2022/фото: EPA-EFE/H. PRABOWO

Индонезиските истражители ги испрашуваа полициските службеници одговорни за стампедото на стадионот во кое загинаа 125 гледачи во една од најлошите трагедии во историјата на фудбалот.

Казни паднаа за оние кои беа прогласени за одговорни за смртоносното стампедо на фудбалскиот стадион во Маланг на островот Јава, откако полицијата употреби солзавец за да ја контролира толпата. Шефот на градската полиција вчера беше разрешен, девет полицајци беа суспендирани, а 19 полицајци беа сослушани поради катастрофата на стадионот.

Поддржувачите на локалниот клуб Арема ФК формираа центар за жалби во Маланг и рекоа дека имаат намера да ги гонат полицајците одговорни за случајно фрлање солзавец во толпата заробена на трибините.

„Доколку имаше немири, солзавецот требаше да биде насочен кон теренот, а не кон трибините“, изјави за АФП Дени Агунг Прасетјо, координатор на поддржувачите на „Арема ДЦ“.

„Имаше многу жртви меѓу оние кои беа на трибините. Тие ги фати паника поради солзавецот“, додаде тој.

Владата ги суспендираше сите натпревари во националната Премиер лига и објави дека покренала истрага за трагедијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот