Кавани потпиша нов договор со Манчестер јунајтед
Денеска уругвајскиот напаѓач ја продолжи соработката со клубот од „Олд Трафорд“, односно ќе остане уште една година во дресот на „црвените ѓаволи“.
Единсон Кавани официјално потпиша нов договор со Манчестер јунајтед кој ќе трае до јуни 2022 година.
Сезонава досега постигна 15 голови и се покажа како еден од клучните играчи во составот на Оле Гунар Солскјер не само во Премиер лигата, туку и на меѓународната сцена.
– Во текот на сезоната, развив голема љубов кон клубот и сè што тој претставува. Чувствувам длабока врска со моите соиграчи и останатите во клубот. Тие ми даваат дополнителна мотивација секој ден и знам дека, заедно, можеме да постигнеме посебни работи – рече Кавани.
Според британските медиуми, играчот на „црвените ѓаволи“ ќе има неделна заработка од 300.000 фунти.