Кавани побара раскин на договорот со Манчестер јунајтед

Единсон Кавани поради доаѓањето на Кристијано Роналдо има помала минутажа на „Олд Трафорд“/ фото: EPA-EFE/Clive Brunskill

Единсон Кавани кој има договор до 30 јуни следната година со „црвените ѓаволи“ е желба на Барселона, но прво треба да го раскине договорот со Манчестер јунајтед за да дојде на „Камп Ноу“ без надомест..

Каталонците веќе се сигурно со трансферот на Феран Торес, кој ќе му биде конкуренција на Усман Дембеле, иако се споменува дека Чави го гледа и како „деветка“. Доколку дојде Уругваецот Кавани, тоа можеби „проблем“ ќе биде за Мемфис Депај.

Кавани би потпишал договор на една ипол година, а подготвен е и за помала плата за да ја заврши европската кариера во голем стил по Палермо, Наполи, ПСЖ и Јунајтед.

Искусниот напаѓач верува дека подобро би се снашол во Барселона отколку во Премиер лигата.

Го чекаме исходот, односно одговорот на Јунајтед, па останува да се види дали наскоро ќе има договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот