Кавадарчанка пријавила во полиција лице со кое била во љубовна врска дека извршило полови дејства врз нејзината ќерка

Фото: Фејсбук / Максим Димитриевски

Кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со кое била во љубовна врска извршило полови дејства врз нејзината ќерка.

Синоќа во 21 часот во ОВР Кавадарци, 38-годишна кавадарчанка пријавила дека на почетокот на месец март, врз нејзината малолетна ќерка било извршено полово дејствие, од лице со кое била во љубовна врска и кое било полнолетно. За настанот известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот