БАРСЕЛОНА во пламен, протестите ескалираа (ВИДЕО)

Во каталонските градови Барселона, Жирона, Тарагона, Туреж, Берж и Вик се одвиваат „Маршови на слободата“, зад кои стојат две граѓански организации АНЦ и Омниум Културнолс, чии водачи, Џорди Санчез и Џорди Куиксарт, во понеделникот беа осудени од Врховниот суд во Мадрид на 9 години затвор за востание за соборување на државниот поредок.

Тие се двајца од деветте каталонски функционери осудени на затворска казна од 9 до 13 години, откако во Каталонија одржаа референдум за независност во 2017 година, автономна провинција со население од 7,5 милиони во североисточна Шпанија, а потоа прогласија независна република. Уставниот суд го забрани референдумот.

Демонстрантите носат транспаренти со пароли „Слобода“ и знамиња што ја симболизираат независноста. Во исто време, синдикатите на студентите и образовните институции започнаа тридневен штрајк. Синдикатите кои ја поддржуваат независноста за петок најавија генерален штрајк во Каталонија, која што учествува со 19 проценти од БДП на Шпанија.

Во вторникот вечерта се судрија демонстрантите и полицијата во четири големи каталонски градови, Барселона, Леида, Жирона и Тарагона, при што беа повредени вкупно 125 лица, меѓу кои и 60 полицајци. Никој не беше сериозно повреден.

Владата на Каталонија во последните денови повика на ненасилни протести, но по судирите во вторникот како барикади, запалени контејнери ,гуми и Молотови кои беа фрлени кон полицијата, премиерот Ким Тора свика вонреден состанок на неговиот кабинет.

Шпанската социјалистичка влада синоќа издаде соопштение во кое се вели дека „има за цел да обезбеди сигурност и соживот во Каталонија и доколку е потребно да постигне солидност, ќе спроведе соодветни мерки “. Опозицијата го повика Педро Санчез да го активира законот за национална безбедност што ќе и даде на мадридската влада одредена контрола над Каталонија.

Предвидено е Санчез да се состане со водачите на трите најголеми опозициски партии во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот