Касиљас и официјално ја заврши кариерата: Дојде време да се простам со фудбалот

epa04764342 Real Madrid's goalkeeper Iker Casillas reacts during the Spanish Liga Primera Division soccer match against Getafe played at Santiago Bernabeu stadium, in Madrid, Spain, 23 May 2015. EPA/Javier Lizon

Легендарниот шпански голман преку писмо соопшти дека става крај на фудбалската кариера.

Проштелната порака голманот на Реал Мадрид и на Порто ја објави на социјалните мрежи.


„Денеска е еден од најважните, но на некој начин и најтешки денови во мојата кариера. Дојде време да се простам со фудбалот. Со фудбалот почнав да се занимавам пред 30 години. Во текот на ова долго патување имаше убави, но и помалку убави моменти на среќа, како и тага. Во овој момент од својот живот и од оваа перспектива можам да кажам дека вредеше. Најважната работа е патот по кој одиш и луѓето кои те следат, а не дестинацијата на која ќе се однесе. На крајот можам да кажам дека имав пати и дестинација од соништата“, порача Касилјас во своето писмо.

Икер Касиљас најголем дел од својата кариера ја помина во Реал Мадрид, а последните пет сезони бранеше за Порто.
Со „кралскиот“ клуб осбои три титули во Лигата на шампионите, два Суперкупа на УЕФА, ФИФА светското клупско првенство, два Интерконтинетални купа, пет титули во Ла Лига, два кралски Купа и четири трофеи во Суперкупот на Шпанија.

EPA-EFE/ABEDIN TERKENAREH

Во дресот на Порто освои две шампионски титули, еден Куп и еден Суперкуп.
Касиљас беше член на репрезентацијата на Шпанија со која триумфира на Светското првенство 2010 година и освои уште две европски титули во 2008 и 2012 година.

Следната работа на Касиљас ќе биде во управата на Реал Мадрид, односно ќе биде советник на претседателот Флорентино Перез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот