Карпош ќе го реконструира фудбалското игралиште „Сокол“

фото:Фејсбук

Општина Карпош следново лето ќе започне со активности за реконструкција на фудбалското игралиште „Сокол“, на кое се играше истоимениот турнир.

Ќе бидат реконструирани трибините, оградите, како и кабините на игралиштето, со што фудбалскиот турнир ќе се игра во подобри услови, а веќе се преземаат подготвителни активности за обновата на игралиштето, изјавија од општината.

Исто така, од таму информираат дека Иницијатива за спас и обнова на СЦ „Партизан“ е веќе покрената и истата ја водат заедно со други засегнати институции. Во оваа иницијатива е вклучена и Меѓународната невладина организација „Културно Ехо“, а странски експерти во соработка со тим од општина Карпош подготвуваат и идејно решение за обновата на салата. Поддршка за оваа Иницијатива е добиена и од амбасадорот на Франција во Скопје, Кристиан Тимоние.

Спортскиот центар „Лепенец“ во Бардовци веќе е реконструиран и фудбалскиот клуб од овој дел на Карпош (младинската школа), но и сите граѓани спортуваат во подобри услови.

Слободен печат веќе објави дека карпошани две години чекаат на обнова на фудбалското игралиште „Сокол“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот