Карлеуша повторно ја прозва Дуа Липа: Душо, нареден пат не објавувај карта од „Голема Албанија“ (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Се уште главна тема на Балканот е Дуа Липа (24) со нејзината објава на социјални медиуми, споделувајќи фотографија со која ја промовира идејата за „Голема Албанија“, која би опфатила делови од денешна Србија, Грција, Македонија и Црна Гора.

Два дена откако голем број луѓе ја прозваа Дуа Липа за објавата, таа сподели објава во која вели дека била сфатена погрешно со објавата.

На нејзината оригинална објава реагираше и нашата естрада.

Дуа Липа вели дека погрешно била сфатена со „Голема Албанија“ – Реагираше и нашата естрада, а УНИЦЕФ се огради од нејзините ставови (ФОТО)

Откако ја сподели објавата во која пејачката вели дека секогаш кога објавувала нешто за Косово настанувал вистински хаос на нејзиниот feed, многумина ја искритикуваа Дуа Липа дека таа всушност не се извинила, туку дека „глуми жртва“ бидејќи во објавата не се оградува од фотографија со т.н. „Голема Албанија“ додека бара од гигантот Apple („Епл“) да ја вклучи територијата на Косово на мапите на уредите на „Епл“.

На втората објава на Дуа Липа повторно реагираше и спрската пејачка Јелена Карлеуша. Ова е втор пат Јелена да ја прозива Дуа Липа, откако во саботата британската пејачка со албанско потекло сподели објава која гласеше „Зошто Косово никогаш не било и нема да биде Србија“.

Дуа Липа објави слика на која пишува: „Зошто Косово нема да биде Србија“, па следеше одговор од Карлеуша! (ФОТО)

Овој пат, Јелена го сподели извинувањето на Дуа Липа, цитирајќи ја „Само сакав мојата земја да биде прикажана на картата!“ и додаде: „Тогаш душо, следниот пат стави ја вистинска карта што не вклучува територии на 4 различни држави, не е толку тешко, навистина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот