Канада нареди затворање на две компании поради загриженост за националната безбедност

Фото: Архива

Канада им нареди на две канадски технолошки компании, Bluvec Technologies и Pegauni Technology, да ги прекинат операциите поради загриженост за националната безбедност, соопшти канадското Министерство за иновации.

Одлуката за затворање на компаниите е донесена врз основа на законот што ги регулира странските инвестиции во Канада и дека е донесена по анализа што вклучувала „ригорозен надзор на канадската национална безбедност“.

„Додека Канада продолжува да ги поздравува странските директни инвестиции, ние ќе дејствуваме одлучно кога инвестициите ќе ја загрозат нашата национална безбедност“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот