Кампацо за шест милиони долари во Денвер Нагетс!

фото: EPA-EFE/Zipi

Аргентинецот во досегашниот дел од сезоната во Евролигата имаше просек од 9,3 поени, 2,5 скока и 6,7 асистенции по меч.

Факундо Кампацо си оди од Реал Мадрид и ќе се пресели во Денвер Нагетс, пишува новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски.

Според најавите тој ќе потпише договор на две години со НБА клубот, а трансферот вреди шест милиони долари.

Кампацо уште од почетокот на сезоната ги информираше првите луѓе на шпанската екипа дека сака да ја продолжи неговата кариера во најсилната лига на светот.

Денвер би требало да се раздели со Монте Морис, а новајлијата ќе чека шанса покрај првата опција Џамал Мареј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот