Какво понижување за боксот, ИОК ќе им го води спортот

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ја потврди суспензијата на Светската боксерска федерација (АИБА) поради што нема да смее да го организира боксерскиот турнир на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Членовите на ИОК едногласно ја потврдија одлуката на извршната комисија која предложи суспензија за АИБА и стана првата спортска федерација на која нема да и биде дозволена организација на сопствениот спорт на ОИ.

ИОК ќе ги организира квалификациските турнири за ОИ кои треба да се одржат од јануари до март идната година. Во Кина ќе се организира турнирот кој ќе ги даде претставниците од азиските земји на боксерскиот турнир, Лондон е организатор за Европа, Дакар за Африка и Буенос Аирес за Северна и Јужна Америка. Последниот квалификациски турнир ќе се одржи во Токио во мај 2020 година.

– Боксерите ќе имаат две можности да обезбедат настап на Олимписките игри, на регионален или континентален турнир и на светски турнир – објави ИОК.

Претседателот на АИБА во периодот од 1986 до 2006 година, Анвар Човдри од Пакистан, заработи доживотна суспензија поради финансиски малверзации. За време на неговото владеење многу судиски одлуки на ОИ беа сомнителни токму поради корупција.

Најпознат случај е поразот на славниот американски боксер Рој Џонс јуниор од Кореецот Парк Си-хун на ОИ 1988. Иако се докажа дека судиите биле корунпирани и добиле мито за да судат во корист на јужноркореанскиот боксер, ИОК не му го додели златниот медал на Џонс јуниор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот