Каква легенда: Клоп му одговори на „ѕверот“ од Викомб

EPA/SEAN DEMPSEY

Викомб за прв пат во историјата обезбеди пласман во втората англиска лига , а еден од најзаслужните за големиот успег е Адебајо Акинфенва.

Акинфенва кој го прави го нарекуваат „ѕвер“ бидејќи станува збор за човек кој покрај неверојатната физичка градба, со леснотија крева 200 килограми, беше дел од тимот на Викомб кој го совлада Оксфорд јунајтед во плејофот во Лига 1. Иако не постигна гол, Акинфенва сезоната ја заврши како најдобар стрелец на својот тим со 10 голови, а по мечот не можеше да ја скрие радоста поради големиот успех на неговиот тим. Тој во еуфорија даваше интервју за Скај спортс и притоа го прозва менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.


– И понатаму не знам што направивме. Кажи ми те молам, чекај да се смирам. Прво мора да се заблагодарам на Бога, пред четири години бев навработен, а сега единствена личност која сакам да ја слушнам на Ватс ап е Јирген Клоп за да можеме да прославиме заедно – изјави Акинфенва за Скај спортс и не чекаше многу на одговорот.

Клоп уште еднаш покажа дека е голем човек и му одговори на пораката.
Човеку, легендата само што ми прати порака на Ватс ап. Денешниот ден не може да биде подобар. Ти Благодарам Клоп – порача „ѕверот“ на Викомб.


А Клоп му порача на Акинфенва:
„Здраво голем човеку, ти честитам. Го гледав натпреварот, но не го видов интервјуто по натпреварот, но момците ми рекоа да те исконтактирам преку Ватс ап и тоа го сторив. Честитам, сигурен сум дека целиот живот сакаш да бидеш барем играч во Чемпионшип и конечно си тука. Секоја чест и голема победа. Се надевам дека и во овие чудни времиња ќе успеете да прославите како што доликува“ – му порача менаџерот на новиот англиски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот