Каков малер: Се повреди на паркет, па потоа падна под туш

EPA-EFE/WU HONG

Центарот на кошаркарската репрезентација на Австралија, Арон Бејнс го заврши настапот на Олимписките игри во Токио поради повреда.
Бејнс се повреди за време на натпреварот против Италија, но исто така и по него. Имено, кошаркарот на Торонто за време на натпреварот го повреди вратот, а состојбата дополнително се влоши кога паднал под туш.

– Тоа беше комликуван сплет на околности. Падот под тушот само ја влоши ситуацијата – изјави Дејвид Хјуз, докторот на австралиската репрезентација.
Австралија досега на кошаркарскиот турнир одигра дбва натпревари и на двата славеше, Нигерија ја совлада со 84:67, додека Италија е победена со 86:83.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот