Каков малер, Интер го отпиша, а сопругата боледува од рак
Белгиецот Раџа Наинголан, има кошмарна година на која не и се гледа крајот од проблемите. Новиот тренер на Интер, Антонио Конте, веднаш по седнувањето на клупата го отпиша Наинголан, а претходно е отпишан и од белгиската репрезентација. Но, проблемите од професионален план за него се во втор план, откако се дозна дека неговата сопруга Клаудија Лаи е болна од рак.
„Веќе еден месец се будам надевајќи се дека сево ова е кошмар, но реалноста е дека јас живеам во кошмар. Се надевав дека овој ден ќе дојде многу подоцна, деновите поминаа, исто како и мојата среќа. Од денеска започнувам ново поглавје во животот, а тоа е хемотерапија. Кој би рекол дека Клаудија ќе се плаши да започне нов ден, страв е преблаг збор. Но, по пролиените солзи, време е за борба против оваа болест. Им се заблагодарувам од сè срце на своите пријатели и семејството кои ми помогнаа во овие 30-тина денови да соберам сила и позитивна енергија која ми е потребна за да се соочам со новите предизвици. Им посакувам среќа на сите кои ги доживуваат овие кошмари. Никогаш немојте да ја загубите насмевката“, напиша Клаудија на својот профил на Инстаграм.
Раџа Наинголан и Клаудија се осум години во брак и имаат две ќерки, седумгодишната Ајша и тригодишната Мајли.