Како годишните времиња влијаат на желбата за секс

Dainis Graveris / Unsplash

Сексуалниот нагон е една од многуте работи на кои можат да влијаат сезоните. Најсилно либидо имаме на есен, но постојат природни решенија кои можат да го стимулираат вашиот инстинкт и „надвор од сезоната“, советуваат сексуалните терапевти.

Летото се смета за прилично поволна сезона за секс, бидејќи луѓето се чувствуваат послободно отколку во другите делови од годината.

Dainis graveris / Unsplash
Dainis Graveris / Unsplash

Тоа е можеби поради зголемување на витаминот Д во текот на летото, повеќе време поминуваме во дружење надвор, а покажувањето повеќе кожа од вообичаеното може да создаде поголем сексуален интерес.

Есента е времето кога сексуалната желба добива внатрешен стимул. Луѓето, како и повеќето цицачи, доживуваат еден вид биолошки ритам кога станува збор за плодноста и другите физички процеси.

Во една студија за тестостерон кај мажи и жени, истражувачите откриле дека двата пола доживеале пад на тестостерон во текот на летото и зголемување во есента.

Dainis Graveris / Unsplash

Друга студија за мажи исто така открила истакнат сезонски пораст на нивото на тестостерон во октомври и ноември.

Имајќи ги предвид овие студии, може да се види дека есента е особено поволен период секс.  Друго истражување покажува дека мажите всушност сметаат дека женското тело е попривлечно за време на постудените месеци затоа што гледаат помалку кожа во споредба со летниот период, а тоа ја поттикнува имагинацијата.

Dainis Graveris / Unsplash

Ако се борите со низок сексуален нагон, постојат многу работи што можете да ги направите за да го зголемите либидото и нивото на тестостерон.

Поздрава диета и консумирање здрави масти, заедно со исфрлање на вишокот шеќер, може да помогне во балансот на хормоните и на тој начин да се решат основните причини за помал сексуален нагон.

Dainis Graveris / Unsplash

Причината за намаленото либидо може да бидат и психолошки причини кои можеби ќе треба да ги решите, особено ако сте во врска и сфаќате дека не сакате секс со вашиот партнер. Во тој случај, ќе ви помогне да разговарате со вашиот партнер за проблемот или да одите на терапевт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот