Како се граделе култните градби кои стојат и денес? Археолозите открија добро чувани римски тајни во Помпеја

Помпеи / Фото EPA-EFE/CESARE ABBATE

Археолозите открија античко градилиште во Помпеја кое фрла светлина врз градежните техники што ги користеле Римјаните за изградба на култните градби како што се Колосеумот и Пантеон, соопшти италијанското Министерство за култура.

Градилиштето било отворено веројатно се до ерупцијата на вулканот Везув, уништувајќи ја Помпеја, се наведува во соопштението на министерството.

Археолозите пронајдоа работни алатки, наредени ќерамиди, варовнички тули и купишта вар и камења што се користат за ѕидање.

Римјаните имале оригинална техника за производство на цемент, соопшти министерството, наведувајќи ги наодите на археолозите кои работеле со истражувачите од Институтот за технологија во Масачусетс.
На локалитетот Помпеја, откриен дури во 16 век, има се повеќе археолошки активности насочени кон запирање на годините на распаѓање и запоставување.

Се чини дека бетонот е направен со „топло мешање“, при што живата вар прво била измешана со вулканска пепел, со додавање вода непосредно пред да се подигнат ѕидовите.

Тоа значело дека при изградбата на ѕидовите, мешавината од вар, пепел и камења била сè уште жешка поради топлинската реакција која помогнала побрзо да се исуши, скратувајчи го времето на изградба на структурата.

Габриел Цухтригел, директор на наоѓалиштето Помпеја, рекол дека најновото откритие „ни помага да разбереме многу аспекти на големата Римска империја, а не само употребата на бетон“.

„Без бетон, не би ги имале ниту Колосеумот, ниту Пантеонот, ниту бањите во Каракала“, рекол тој.

Археолозите пронашле и садови за складирање на амфори кои се користеле за „гаснење“ на вар што се користел за малтерисување, како и за чување на други алатки, од оловни стеги што се користеле за кревање на совршено вертикален ѕид, до железни мотики за подготовка на малтерот и обработка на вар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот